велосипедска off road тура ПИТИЈАДА 2016 – по трет пат во ВЕЛЕС

Велосипедисти од цела Македонија и двајца од Србија и Шпанија учествуваа на најголемиот велосипедски настан кој се организира во Велес.

14590379_10208101862249166_7386044256493085188_n   14502685_10208101979652101_5124885842529528317_n   14494729_10208101869769354_6571579658441020952_n   14642161_10208102009572849_363318860110917690_n

Изминатиов викенд во склоп на фестивалот на  пити и вино Питијада 2016, се  одржа третиот по ред  велосипедски off road настан ПИТИЈАДА 2016. На овој настан учествуваа околу 200 учесници од повеќе градови во Македонија, а за да овој настан добие и на интернационално ниво придонесоа гостинот од Лесковац-Р.Србија, и еден учесник од  Барселона-Шпанија ( кој дојде заедно со своите пријатели од Прилеп). Секако тука беа и бројните Тиквешки Точакџии, секогаш позитивно расположените Бајкери од Здружението за ридско планински активности рокенрол и добра чашка-Прилеп, ВК „Актива“ од Струмица, Easy riders од Скопје и многу други останати поединци  и пријатели на велосипедизмот.

14502869_636252176548033_3112537738197826159_n   14590379_10208101862249166_7386044256493085188_n   14581528_10208101872729428_290752876361096844_n   14572963_10208102121975659_4303096649275714063_n

Турата започна во 10:00 часот пред дворот на Велешката Гимназија „Кочо Рацин“, и се возеше низ околината на Велес, Најпрво велосипедистите поминаа покрај некогашната Велешка Топилница и се упатија по off road пат од левата страна на Вардар која ретко е посетувана , но има прекрасни погледи. Првата пауза беше  во манастирот Св. Петка, а потоа следуваже вистинска авантура за сите  учесници – возење по висечки мост над реката Вардар. За да  биде безбедно, се погрижија членовите  на Македонски Спасител кој најпрофесионално си ја извршија својата задача. Потоа учесниците поминаа низ селото Сопот, па следуваше  обиколка на езерото Младост или Велешкото езеро, за да во последниот  дел од турата се  спуштат по интересен предел покрај реката Вардар се  до село Башино. По ова, организирано, сите учесници се  упатија во дворот на Гимназијата, каде следуваше дегустација на Велешкаѕа пита Пастрмајлија, а имаше и наградна игра како дел од произовдите на нашиот спонзор и помагате ENZORIVA-Скопје. Турата официјално заврпи во 17:30 часот, каде велосипедистите задоволни од патеката и вкупно од организацијата, си заминаа  од Велес.

14572989_636373193202598_3530133130566784698_n   14591712_1158837067505629_6746276299074295790_n   14523159_1079452638769593_4266197835850291436_n   14563399_10208101958611575_902044128976700037_n   14494729_10208101869769354_6571579658441020952_n   14650205_636373016535949_3291702309681605594_n 14595644_10208101889489847_5379533321145334854_n   img_20161009_104217

Целиот настан беше  во комплетна оргазнизација на ЗГ ВЕЛЕС БАЈКИНГ потпомогнат од Општина Велес, а како помагатели и спонзори на настанот учествуваа АВТ-Скопје, Алкалоид, Алгасан , ENZORIVA , Тиквеш винарија, а секако и ПРОБАЈК и МОДУС бајк за помошта при продажбата на картите. Целокупната организација немаше да биде комплетна без професионалниот пристап на Противпожарниот дом – Велес и најдобриот вело мајстор во Македонија ВЕЛО-Бајк Велес .

Со ова за ЗГ Велес БАЈКИНГ-Велес завршува официјално и повеќе од успешната 2016 година. Ги покануваме сите љубители на off road авантурата за следниот  голем настан АЗОТ 2016 мтб Предизвик…..

img_20161009_105254   img_20161009_111511   img_20161009_111556   img_20161009_111659   img_20161009_111748   img_20161009_111828

Check Also

ПРИПРЕМИ ЗА ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА – ПИТИЈАДА 2016

Во текот на изминатиот викенд членови на Велес Бајкинг, членови од Easyriders – Скопје  и …