Велес Бајкинг со свои волонтери на обележување на Европската недела на мобилност во Општина Велес

Во рамките на Европската недела на мобилност ( Europian Mobility Week 16-22.september 2020) здружението на љубители на планинскиот велосипедизам ВЕЛЕС БАЈКИНГ во соработка со Општина Велес волонтерски спроведоа активност на возење на велосипед за децата од основните училишта во Велес.

           

Мотото на настанот е „Кидикал мас” (Kidical Mass), односно возење велосипед со цел охрабрување и поттикнување на најмладите, но и сите членови на семејствата да користат велосипеди за превоз, рекреација и забава. Активностите беа спроведени во младинскиот парк во Велес.

Поради актуелната ситуација со Ковид-19 на настанот учествуваа ограничен број на ученици од општинските основни училишта.

            

ЗГ Велес Бајкинг и понатаму активно ќе волонтира на вакви слични настани со единствена цел – поттикнување и иницирање кај младата Велешка популација за возење велосипед, како во урбана така и во било какви средини.

Check Also

ЗА ВЕЛЕС БАЈКИНГ

ИСТОРИЈА Здружение на граѓани, љубители на планинскиот велосипедизам “Велес Бајкинг“- Велес е формирано како правен …