Патуваме низ Македонија: Уживавме во Мариово по 6-ти пат

По 6-ти пат Мариово off road expirience, возење по Мариовските села, по дивината, и по пеколното сонце.

   

Одлично отварање на outdor настаните во Македонија.

Настанот  започна од петокот, со однапред предвидени активности од страна на организаторот, здружението за унапредување на велосипедизмот ВЕЛОЕВРОПА. Саботата на терен изглегоа спелеолозите, а ние  .. ние отидовме до Витолиште. Оваа година продолживме кон Жиово, село кое мометално има само еден жител. Попатно некоклу рушевини од некогашни куќи. По кажувањето на нашиот домаќин Војо, кој живее на релација Витолиште-Скопје Мелбурн во овој регион имало преку 100 села. Сега тој број е рапидно намален на 10-12 ( не го знам точно бројот). Како и да е , муабетот пред коперацијата во Витолиште можеби немаше да биде толку долг ако не го чекавме стопанот на коперацијата добри 50-60 минути.

               

Вечерта забава… на отворено, на пољана…ти свират на увце оркестарот чалгии на МРТВ… Рамно Велешко… убавини..оди па вози другиот ден!!!

Неделата -главниот ден, некоклу настани, повторно. Редовно големата патека, крајно исцрпувачка и ултра исрпувачка. Арно ама, ако е лесна никој нема да ја памти, затоа Мариово off road expirience се памти долго. И ќе се памти, верувам уште најмалку 20-на години. Старт од пред манастирот св. Илија ( изменет оваа година), па преку Белчиште до Градешница – на пиво!!..  кој не пиел пиво во Градешница, незнае колку е убаво кога возиш велосипед. По пивото по асфалт  се упатуваме кон Зовиќ на „филмскиот мост“.. кој има голема историја, а за жал го знаеме само од филмот на Милчо Манчевски. Е, до тука арно…. за понатаму, нема да пишуваме, оти треба зборовите да бидат шифрирани, во стил „колку има у пи..ма..ер“… „стасавме ли ??“… и онаа најјаката „ ти реков на малата да си возиме“!!!!

        

Освен големата патека, се возеше и малата, со обиколка на селата Витолиште, Мелница ( родното место на Столе Попов), Бешиште и Полчиште. Исто така покрај двете патеки, имаше и планинарење со искачување на врвот Пантеле.

Гравчето како врвот на задоволството не пречека во манастирот. Прељубезните домаќини, предводени од Цаци, не нагостија дополнително со едно трилече ( со врски две  изедов).

Одлично сработено другари од ВЕЛОЕВРОПА..!!

п.с. Пред крајот на турата задолжително го посетивме манастирот св. Никола во село Манастир ,кој беше домаќин на изминатите 5 изданија на Мариово off road expirience. Медитацијата и одморот во дворот на овој манастир е нешто необјаснето, нешто што не сестава на хартија. овој манастир е нешто пто секо јтреба да си го стави во својата агенда за посета. Запознавањето со Отец Никола е посебно доживување…

Check Also

Патуваме низ Македонија: Магичната Лешница на Шар Планина

Долго планираната велосипедска тура низ Шара конечено се реализира. Ја извртевеме Лешница од сите страни, …