Ја отворивме сезоната 2017. Традиционално, по 4-ти пат се возеше туратадо село Рудник, овојпат како кружна тура до село Лугунци и покрај с. Сујаклари до хотел Романтик, па назад до Велес.
Оваа година мешана постава, со гости од Скопје, ја извозивме првата овогодишна тура до село Рудник. За разлика од минатите години кога патеката беше замрзната со многу снег и кал, оваа година прекрасното време со сонце не направи да се чувствуваме како во пролет. Иако температурата беше некаде 2-6 степени, во моментот на пристигнување во с. Рудник се чувствувавме како да е +20 степени. Пауза од еден час, смена на неколку дупнати гуми, продолживме накај Лугунци. Пред селото завртевме десно, не влегувајќи во него, па продолживме покрај лозовите назади на винаријата Тиквеш.во пределот наречен „Бела Вода“ од каде потекнува моментално најквалитетното вино од палетата на Тиквеш. Пристигнуваме во хотел Романтик, на Велешко езеро, и кратка пауза. За крај презадоволни од турата организиравме ручек, секако со Велешка пита пастрмајлија.
Ако на Св. Игнат ни се случуваат овакви тури, можеме само да претпоставиме каква ќе ни биде годината…. 🙂