Tour of Croatia 2017

Пред два дена започна атрактивната велосипедска трка Tour of Croatia 2017 која ке трае од 18-23 април 2017  година.

Оваа година стартот беше  на 18 април во Осиек а првата етапа беше во должина од 227км. Втората етапа е на релација Трогир-Биоково во должина од 123км и се  возеше вчера. Денес на програмата е  предвидена третата етапа Имотски-Задар во должина од 236км. Останатите три етапи се  следниве:

21/04   4-та етапа: Цриквеница-Умаг 171км;

22/04   5-та етапа:Пореч-Учка 141км;

23/04   6-та етапа:Самобор-Загреб 145км.

По извозените две етапи, во водство е Кристијан Дурашек, а по него се Јаиме Росон и Винченцо Нибали

1 Kristijan Durasek (Cro) UAE Team Emirates 8:07:47
2 Jaime Roson Garcia (Spa) Caja Rural – Seguros RGA 0:00:04
3 Vincenzo Nibali (Ita) Bahrain – Merida 0:00:09

Екипно, редоследно на првите три места се:

1 CCC Sprandi Polkowice 24:24:29
2 UAE Team Emirates 0:00:04
3 Caja Rural-Seguros RGA 0:01:15
момент од втората етапа

На овогодинешниот Tour of Croatia 2017 се пријавени 154 велосипедисти и 20 клубови. Организаторите оваа година ја истакнуваат соработката со A.S.O.(Amaury Sport Organisation) која е промотор на најголемите  tour-ови на светот како што се Tour de France, Vuelta a España, Tour of California. Трката ќе се пренесува директно на HRT, Eurosport и Eurosport Asia со вечерни репортажи од дневните етапи. На сите 6 континети со директна слика овој настан ке имаат можност да го гледаат 177 семји во светот, а за техничкиот дел е задолжена Шпанската продукциска куќа ISB кој со посебни снимателски хелихоптери и специјални подвижни камери ке ги доловат сите занимливости.

Tour of Croatia 2017 е поставена како единствен туристички производ од оваков тип и е назначена како главен акцелератор за развој на циклотуристичката понуда на Хрватска. Момент од кој ние како држава имаме многу да научиме.

Check Also

Дебитантот Simon Andreassen победник на првата трка XCO cross-country World Cup – Nove Mesto , Czech Republic

Во елитната категорија Данецот Simon Andreassen направиголемо изненадување и победи на првата трка која беше организирана …