Срекна Нова Година 2015 на сите велосипедисти, да испраќаме многу вакви години, здрави, живи и весели. Да се дружиме повеќе со точакот отколку со троседот во дневна и да вртиме повеќе кругови со педалите, а живците да си ги чуваме за стари години.

П.С. Среќна, море најсреќна Нова 2015 на членовите на нашите и вашите семејства кои дремат дома и се нервираат додека ние си се ладиме и си праиме ќеиф!