Работна посета на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Двочлена делегација на #ВелесБајкинг оствари продуктивна средба со директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на Туризмот, г-н Љупчо Јаневски.

На оваа средба беше презентирана активноста на Велес Бајкинг како здружение на љубители на планински велосипедизам кои во своето CV имаат огромно искуство во мапирање на планински велосипедски патеки, организација на велосиедски тури и големи вело настани, ставајќи акцент на #АЗОТмтбПредизвик2020 кој оваа година по 6-ти пат ке се одржи во регионот на АЗОТ, со централно место во с.Богомила.

Г-нот Љупчо Јаневски ни даде целосна поддршка за понатамошно промовирање на убавините на АЗОТ, исе заложи за искрена и конкретна поддршка во наредниот период. Материјал за взаемна соработка има, и двете страни се согласија дека има огромно поле за заеднички планови на промоција на Македонија.

Фотографија на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Check Also

Зошто велосипедот е добро превозно средство за пристојно растојание?

Возењето велосипед во близина помала од 2 метри од друг велосипедист отсекогаш претставувало опасност. Сега, …