Прва хумнитарна крводарителска акција на Велес Бајкинг и Црвен Крст ОО Велес

Уште една успешна крводарителска акција во Велес. Крводарителите од градот и околните населени места одново ја докажаа нивната хуманост. На крводарителската акција која денеска се одржа во Ликовниот салон се даруваа 34 крвни единици. 26 дарители беа мажи, осум жени, а четворица за прв пат даруваа и станаа дел од најхуманото семејство.

        

И оваа крводарителска акција Црвениот крст ја одржа заеднички со Институтот за трансфузиона медицина, а за прв пат како дел од тимот организатори се вброи и здружението на граѓани љубители на велосипедско возење „Велес Бајкинг“ од Велес. Токму нивните членови беа голем дел од крводарителите на акцијата.

                

Check Also

ЗА ВЕЛЕС БАЈКИНГ

ИСТОРИЈА Здружение на граѓани, љубители на планинскиот велосипедизам “Велес Бајкинг“- Велес е формирано како правен …