Овој викенд возевме во „антените на Гроот“,  лесна офф роад патека во должина од 41,1 км.

       

Кружната патека која е во должина од 41,1км со искачување од 954м.  Интересна локална патека која пружа прекрасен поглед од највисоката висинска точка во околината на Велес од 652мнв. На самиот врв има интересен поглед како кон самиот град, така кон Велешко езеро од источна страна и селата Бузалково, некогашниот пл. дом Бреза и врвот Лисец.

   

Турата поминува и низ селата Раштани, Белештевица и Сопот, секако низ познатото висечко мовче на реката Вардар. На крај, за кафе пауза одморивме и по прекрасната винарија Шато Сопот.