Продолжува инцијативата за укинување на забраната за превоз на велосипеди во воз

Во изминативе денови беше покрената инцијатива за укинување на забраната за превоз на велосипеди во воз. Иако доста ветувачки во првите денови каде се потпишаа 710 лица, сепак планот за оваа инцијатива беше да собереме преку 1.000 потписи и со овие потписи да поднесеме писмено барање до надлежните органи ( Македонски Железници) за средба на која ке се разгледуваат можностите за превоз на велосипеди со воз.

Според веќе пристигнатите потписи, сугестии и предлози ќе се формира заедничко барање со кое се надеваме дека ќе успееме во оваа иницијатива и конечно веќе со првите пролетни денови секој велосипедист СЛОБОДНОќе може да се превезува со својот велосипед до саканата дестинација.

Ве охрабруваме да продолжите да ја ширите оваа иницијатива и да поканувате ваши пријатели за потпишување на иницијативата. Доколку сеуште ја немате пополнето иницијативата, повелете ЛИНК

Со надеж дека ќе успееме!!

Check Also

Зошто велосипедот е добро превозно средство за пристојно растојание?

Возењето велосипед во близина помала од 2 метри од друг велосипедист отсекогаш претставувало опасност. Сега, …