Во текот на изминатиот викенд членови на Велес Бајкинг, членови од Easyriders – Скопје и неколку велосипедисти од Велес ја поминаа патеката на велосипедската тура „ПИТИЈАДА 2016“… Констатирано е дека патеката е во одлична состојба, но за жал поголем број на ознаките кои минатата година беа поставени од страна на членовите на Велес Бајкинг, Општина Велес и ЈКП Дервен се уништени. Нема разумно толкување на овој варварски чин, а останува надежта дека сепак во иднина овие маркации на велосипедски патеки ке бидат поштедени од насилниците и ке бидат во корист на сите граѓани на Општина Велес и Р.Македонија.
Check Also
5-та мтб тура „Питијада-Велес 2018“ со околу 300 учесници
Изминатиов викенд во во склоп на големиот културен настан “Фестивал на Велешка Пита и вино …