Connect with us

Останато

Поставени Табли и столбови за маркација на нова велосипедска тура во регионот на Велешко езеро

   

Изминатиов викенд ЗГ Велес Бајкинг постави две табли и 10-на дрвени столбови со што се изврши маркација на новата велосипедска  „Вардарска Вело-Винска тура“. Поставените  табли и столбови ке го олеснат движењето на учесниците на овие тури. Наскоро се очекува и промоција на турата која преставува комбинација на Вински туризам и велосипедизам, односно на секој заинтересиран учесник ќе му биде презентирано т.н.р. „мини обука за пиење вино“. Оваа тура ќе ги опфати двете винарии кои гравитираат во околината на Велешко езеро – винарија Шато Сопот и Тристо винарија. Во двете винарии ке има презентација и дегустација на нивните вина. Исто така, предвидено е и „Македонска закуска“ со традиционална Македонска трпеза,  и посета на манастирот св. Атанас во село Виничани. На крај, учесниците ке се одморат покрај Велешко езеро во хотел Романтик.

   

Првата пред промоција на оваа интересна тура ќе  биде  на престојниот саемот за традиционална македонска храна и активен туризам кој ќе се одржи во Ramstore Mall  – Скопје на ден 24-25 февруари ( петок-сабота)

За сите посетители на овој настан организаторот и учесниците со совите штандови приредуваат интересна програма и пријатни изненадувања.

Copyright © 2021 VelesBiking