Connect with us

Останато

Планински маратон „Плачковица 2016“

Тродневниот отворен настан во организација на Outdoor Adventure Macedonia која оваа година не беше од натпреварувачки карактер, се одржа минатиов викенд под падините на Плачковица….

img_20161015_094436   img_20161015_101634   img_20161015_110930

Во тродневната програма од страна на организаторот, се  извозија неколку патеки во вториот и третиот ден. Стартот на сите тури беше во „Габарски дом Цока“ во 9:30 двата дена. Прекрасните  убавини на Плачковица за поголем дел од учесниците  беше откриена за прв пат, а влажната патека воопшто не беше проблем во текот на возењето. Напротив, возбудата со секое потопување и накиснување беше се поголема, а како крајно задоволство беше тоа што на целта поглем дел од учесниците буквално не можеа да се  препознаат од кал….

img_20161015_125438   img_20161015_125240

Екипата на Велес Бајкинг овој настан го посети во првиот  ден – сабота кога се возеше 27,5 км долга патека. Иако кратка ги доловивме сите  убавини на Плачковица и може да се каже дека е една од најубавите планини во Македонија…

Инаку целокупната оргазнизација одеше паралелно со манифестацијата „Самун и Татлија“ која се  одржува секоја година во Радовиш ..

img_20161015_131253   img_20161015_131030

Copyright © 2021 VelesBiking