Повеќе од 5500 индивидуални потписници, 40-на планинарски клубови, велосипедски здруженија и поединци љубители на планината ја поддржаа иницијативата за укинување на забрана на движење во шума . Во целост го објавуваме Протестното писмо.
ПРОТЕСТНО ПИСМО
И БАРАЊЕ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО
Одредби од меѓународното и домашното право кои се кршат со донесената забрана:
- УНИВЕРЗАЛНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ
Член 13 1.Секој има право на слобода на движење и избор на престојувалиште во границите на одделна држава
- УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 27 Секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште
- ПРЕПОРАКИ НА СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПАНДЕМИЈАТА СО COVID-19
Линк до Прес конференцијата со препораките на Светската здравствена организација во врска со зачувување на менталното и физичкото здравје на луѓето во услови на пандемијата со COVID-19:
Со големо разочарување ја примивме веста објавен на 16 април 2020 за воведување забрана за движење во шума и шумско земјиште од 6 до 20 часот,која стапи на сила на 17 април. Ги наведуваме следните аргументи заради кои сметаме дека оваа одлука треба да се преиспита и укине:
- Бараме отчет врз база на која анализа, индикатори и аргументација се донесе мерката, без консултативен процес со засегнати страни – граѓаните, на тотално недемократски и авторитарен начин.
- Сметаме дека оваа мерка не е целисходна – се објавува во период кога голем дел од планинските и шумските предели се се уште под снежна покривка или се со влажна почва од неодамнешните врнежи, а временските прилики не сугерираат поволни услови за ширење на пожари.
- Планинарите и рекреативците не се закана за ширење на пожари – надлежните служби нека си преземат други мерки ефикасно доколку доследно ги спроведуваат важечките закони и прописи кои се однесуваат на заштита на природата и на шумите.
- Забраната за движење во шума и рекреативни места претставува кршење на човековото право на слободно движење и кршење на уставно право на граѓаните. Како одговорни институции кои го почитуваат правото, мерките треба да ги базирате на овие норми.
- Огромен дел од населението во државата доследно ги спроведува посебните мерки на Владата за борба против епидемијата на Ковид 19 – се придржува кон забраните за движење во пропишаните часови и денови, Полицијата реагира и санкционира прекршувања.
- Тотално е неразумно Владата и институциите да воведуваат дополнителни отежнувачки мерки кои крајно негативно ќе влијаат на психофизичката состојба на значителен дел од популацијата, укинувајќи ги сите опции за разумно и одговорно изложување на сончевите зрази и благотворното дејство на кислородот и чистиот воздух. Препорака на Светската здравствена организација е да се носат мерки кои нема да бидат контраиндицирани со психофизичкото здравје на популацијата. Последнава мерка е токму таква – ректна закана и ризик за влошување на психофизичкото здравје.
Поради ова бараме под итно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ДА ЈА ПРЕИСПИТА СВОЈАТА ОДЛУКА ЗА ВОВЕДЕНАТА ЗАБРАНА И ДА ЈА УКИНЕ, со што ќе овозможи слободно движење во природните предели на државата, во шумите и на планините, на одговорни индивидуи чија единствена цел е зачувување на здравјето и уживањето во природа. Неодговорното однесување и прекршување на мерките во врска со ширење на заразаза нека биде соодветно санкционирано!
Како сериозна Влада која треба да работи во интерес на граѓаните и своите политики да ги базира во функција на благосостојбата на гражаните, сметаме дека треба да се има координиран пристап меѓу државните органи а не поединечни министерства да носат на своја рака вакви изолирани, крајно авторитарни и контрапродуктивни одлуки.
Истовремено, апелираме до вас како надлежни во рамките на своите ингеренции да ги насочите своите капацитети и своите ресурси и да вложите напори за решавање на суштинските проблеми во земјава и вистинско зачувување на шумите и шумските предели од активности кои навистина ги загрозуваат.
Потписници:
Вклучително и листа на физички лица потписници на петицијата: