Connect with us

Останато

На тема велосипедизам… Кој е основниот слој и за што се користи

Парчиња облека што се сметаат за неопходни за време на спортски активности во текот на целата година…

* Основниот слој или *Baselayer* е парче спортска облека што прво ќе ја облечете кога излегувате да возите велосипед.Тоа е парче облека што е во директен контакт со кожата.Важно е дека основниот слој не ја задржува влагата и затоа се препорачува да биде главен дел од вашата спортска колекција.Прво основниот слој а потоа остатокот.Маици без ракави,потоа кратки и долги ракави,шорцеви и долна облека можат да бидат вклучени во парчиња облека со овие карактеристики.
Улогата на зимскиот основен слој е да ве одржува топло и суво,но не од дожд туку од пот.Иако самиот тој не е водоотпорен, својствата на основниот слој се состои во тоа што привлекува пот или влага од вашата кожа кон надворешноста на слојот и ја оддалечува од кожата.На тој начин без оглед на тоа што се потите,кожата е секогаш сува,додека надворешниот дел од основниот слој,оној што не се потпира на кожата,е оној што ќе биде влажен.Оваа влага испарува поради затоплувањето на вашето тело при физички напор и основниот слој многу брзо се суши.Кога ќе го соблечете после активност се чувствува влажно,но чувството на кожата со квалитетен основен слој е чувството на сува памучна маичка.
Карактеристика на основниот слој е и тоа што е релативно тесен,растеглив и изработен од лесен материјал кој обично треба да биде прикачен на вашата кожа,но важно е да не ве стега и да не влијае на циркулацијата.
Покрај зимските основни слоеви,овие без ракави и некои со кратки ракави се основни слоеви што се користат во летни или потопли периоди,а нивната улога е да ве одржат суви и ладни истовремено. Ладењето се случува поради испарување на влагата која се наоѓа на површината на основниот слој.
Освен од оние изработени од синтетика и од мерино волна тие можат да бидат и од комбинација на овие два материјали.Во основните слоеви има и еластин што го прави растеглив.Со интензивно потење,синтетиката има подобри перформанси за отстранување на влагата од вашата кожа.Мериновата волна има малку послаб ефект.
* Мерино волна…
Често се сомневаат дека основниот слој на мерино волна е непријатен и топол во летно време, напротив,тој е удобен како памучна маица и е материјал што дише многу добро и изолира дури и кога е влажен.Јакоста и финоста се карактеристиките поради кои од мериновата волна може да се направи екстремно тенок и лесен основен слој што можете да го користите во топло време,а покрај тоа е и отпорен на непријатни мириси на пот.Ако имате намера да користите основен слој мерино волна на повисоки температури, внимавајте да не ја надминувате дебелината на материјалот поголема од 200 gsm (грамови на метар квадратен). Единствениот недостаток на мерино волната,освен фактот што заостанува во перформансите е цената.
*Синтетика…
Иако е подобра во однос на одвраќањето од влага и малку побрзо сушење,таа има една лоша карактеристика,а тоа е непријатен мирис кој се развива наскоро по потењето и според наше искуство,ретко може да се најде производител кој третира синтетика со антибактериски премази за да се добијат завидни резултати.Но,од друга страна таа е поефтина и подостапна за сите нас.
Текстот е превземен од Facebook Page на Македонската велосипедска група

Copyright © 2021 VelesBiking