Патуваме низ Македонија: Крушево низ корија – сезона III

Изминатиот викенд низ Крушевските шуми се одржа еден од најинтересните ooutdoor фестивали во Македонија- „Крушево низ корија“ ,по трет пат.

   

Преку 250 вљубеници на убавото Крушево, на планинскиот велосипедизам и на планинарењето го поминаа овој викенд во буковата корија на Мечкин камен. Оние похрабрите, го пробаа својот адреналин со параглајдер.

   

Дводневиот настан преполн со убавини. Првиот ден е за слободни активности, па така најголемиот дел од пристигнатите учесници на свој избор возеа по преубавите предели на Крушево и големиот број на историски знаменитости. Вечерта, музичкиот дел го пополнија легендарниот DJ Crasy Slave кој веќе е редовен гостин на овие outdoor настани. Покрај нашиот Славе, свој настап имаше и DJ Мирко Попов кој ги забавуваше присутните до касните ноќни часови…

       

Вториот ден, она главното. Возење ни Крушевската корија. Преку 250 учесници по предвиденото време тргнаа да  возат низ убавата шума во Крушевско. Некои пак, под водство на искусниот планинар Киро, решија да прошетаат пешаќејќи по шумските патеки и да се сладат со природните шумски плодови. Велосипедистите поминаа околу 40-на км по добро обележана патека ( се виде дека организаторите добро се испотиле да биде се како што треба). Манастирот св. Преображение или манастирот на  нашиот музички бог Тоше Проески беше едно од местата каде имаше поголеми паузи, каде велосипедистит meеѓусебно си разменуваа по некој збор за тежината на патеката, за големата прашина која не следеше. Дел од нас отидоа до пл. дом под врвот Мусица, а мал дел и се искачија на врвот (1801м.н.в. – секоја чест за нив).

   

 

Крајот на турата го означи вкусот на преубавото гравче во мотелот Монтана, дополнето со некое пиво за да се наздрави за извозената тура. Организаторите покажаа завидно ниво на организираност, срдечност и позитивен пристап кон сите учесници. Дека се  големи пријатели и другари, тоа  го знаеме одамна. Честитки за сите инволвирани во целосната организација, со нетрпение ја чекаме следната година и  IV-тата серија од „Крушевската приказна“.

Ние од ЗГ Велес Бајкинг им се заблагодаруваме на сите кои изминативе два дена беа на Мечин камен и ве покануваме за точно 47 дена да не посетите во Велес и заеднички да возиме низ Велешката околина и да ја вкусиме прекрасната Велешка Пита Пастрмајлија.

Ве очекуваме во Велес!!!

 

Check Also

Патуваме низ Македонија: Магичната Лешница на Шар Планина

Долго планираната велосипедска тура низ Шара конечено се реализира. Ја извртевеме Лешница од сите страни, …