Крива Круша tour – географскиот центар на Македонија

Овој викенд ЗГ Велес Бајкинг возеше кон добро познатата релација-кон селото Крива Круша која до пред извесен период важеше за географски центар на Р.Македонија.

панорама на с.Крива Круша

Трета година по ред, ЗГ Велес Бајкинг ја вози оваа релација, еден од најубавите предели за возење дефинитивно. Комбинација од асфалт и офф роад, целата тура поминува низ неколку села г.Оризари-Клуковец-Бањица-Отиштино-Чашка и на крај до крајна дестинација село Крива Круша. Вкупната релација е  во должина од 54,6км со елевација од 877, искачување во траење од 5 часа.

       

Крајната релација, село Крива Круша некогаш важеше за географски центар на Р. Македонија. Овој примат го изгуби пред неколку години, кога по најновите мерења географскиот центар се помести на 41°35’08.72N и 21°41’35.98Е и 257 мнв.

Селото е на оддалеченост од 9км од Чашка, напуштено, без ниеден официјален постојан жител. за викенд тука доаѓаат 10-на поранешни жители кои сега живеат во Велес или Чашка…Штета, како и за сите останати населени места во Македонија, ваков преубав предел да остане запустен…..

                   

Check Also

Патуваме низ Македонија: Магичната Лешница на Шар Планина

Долго планираната велосипедска тура низ Шара конечено се реализира. Ја извртевеме Лешница од сите страни, …