IV-то издание на велосипедската тура „Со велосипед по Македонските Степи“ на 27 ми март

IV-то издание на велосипедската тура „Со велосипед по Македонските Степи“ на 27 ми март

Овој викенд се одржува рекреативната велосипедска тура „ со велосипед по Македонските Степи“ во организација на Велес Бајкинг од Велес

Турата е во должина од 56,5км со елевација од некаде 850-900м. Старт на турата е во центарот на Велес, со почеток во 09:00 часот.

Сите учесници ќе имаат несекојдневна можност за возење на велосипед низ интересни предели во овој дел на Македонија, популарно наречни „Македонски степи“. Ќе се посетат неколклу населени места како Караслари, Кочилари, Ногаевци, се до напуштеното село Убого покрај реката Брегалница.

Од Убого патеката не води во Бекирлија каде домаќин на турата ќе биде Атиџе, хероината од Македонскиот оскаровец „Земјата на медот“. Покрај нејзината гостопримливост, таа ќе не пречека и со нејзиниот специјалитет – мед, а секако сите кои се заинтересирани да купат од медот ќе имаат прилика за тоа.

По паузата во Бекирлија, патеката не води покрај селото Кишино се до Каратманово. Од таму, се вози се до Езеро младост или во село Отовица каде е предвидена мала забава.

КАко и сите велосипедски тури, секој учесник да поседува соодветна физичка спремност, Задолжителна опрема како и за секоја off road тура (резервна гума, опрема за лепење, пумпа итд,итд). Храна и пијалоци по свој сопствен избор. Секој доаѓа по сопствено убедување. Најзадолжителна опрема е ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА и потреба за дружење во природа.

#BikeHoneyLand2022 #ВелесБајкинг