Над 100-на велосипедисти аматери и ентузијасти од Скопје го посетија изминатиов викенд Велешко езеро и беа гости во хотел брод „Панини“. Убавото време го искористија и неколку велосипедисти од Велес каде возеа до Катланово, а потоа заедно со Скопските велосипеисти се вратија до Велес.Топлото време викендов ги натера велосипедистите да се организираат на ваков начин и преку возење низ убавините на Македонија и заедничкото дружење да избегаат од нивното секојдневие. Оваа година има најавено голем број на организирани велосипедски настани,а во исто време поголеми и помали групи на велосипедисти секојдневно се организираат на тури со различна километража
Велосипедисти од Скопје во организација на „Пробајк“ во посета на Велешко езеро
