Интересна тура, малку авантура,малку нервоза поради изгубениот пат
Владиловци е село кое моментално брои некаде 10-12 семејства кои постојано живеат таму.Има неколку нови градби, во главно жители кои за викенд си го посетуваат своето родно место.Немаат продавница,за нивните потреби одат до с. Извор, а и како кажуваат мештание не им треба, сите животни потреби и намирници ги црпат од земјата.
За да стасате до с. Владиловци треба да поминете преку с. Извор каде има прекрасно езерце во центарот на селото.Од ова езерце мештаните се снабдуваат со чиста природна вода во текот на сите денови во годината.Понатаму продолжувате по „стариот“ пат за Прилеп, односно кон болницата за белодробни заболувања „Јасеново“.Оваа болница е изградена пред 70-на години и важи како воздушна бања во Македонија, и со право затоа што најбилиската фабрика е во радиус од 35 км. Болницата е изградена по налог на тогашната Германска влада, а Германците,нели, знаат што и каде градат ( ова е според кажувањата на Владиловчани). Селото Владиловци е над болницата Јасеново, на надморска височина од 500мнв
Нашата намера да тргнеме од Владиловци кон с. Крнино и потоа да го фатиме земјениот пат преку „долги рид“ се до Војница не успеа, поради тоа што заглавивме во долот над селото и практично се изгубивме…. Ама нема причина за незадоволство, ова е една од многуте причини да повторно дојдеме, помногубројни и да уживаме во природните убавини на овој регион
Презадоволни од постигнатото и од извозеното, се надеваме дека повторно ке го посетиме овој дел…