Деновиве бевме извесстени од наши пријатели за нечовечкото „вандалско“ дивеење врз висечкиот мост на реката Вардар, мост кој ги спојува селото Сопо со селата Слп, Белештевица, Карабуниште и др. и со манастирот св. Петка.
Овој мост ЗГ „Велес Бајкинг-Велес“ веќе две години го промовира како една од најатрактивните точки на велосипедската тура “ПИТИЈАДА“. на Овој мост има поминато преку 400 велосипедисти од цела Македонија, и пошироко, во Балканот и нема велосипедист или случаен минувач кој не е воодушевен.За жал несовесните граѓани на оваа наша Македонија како и на многу наши локалитети не само пто не ги чуваат туку на оваков грозен начин ги уништуваат.Со ова нанесуваат голема штета не само на мостот, туку и на сите кои го користат, и непомислуваат дека еден ден и тие ке треба да поминат од истиот мост
Повикуваме на АПЕЛ кон сите кои можад да ги санираат овие штети.Да се активираме и повторно мостот да го направим безбеден заминување.Се надеваме дека за кратко време мостот ке го добие својот нормален изглед..