ЗГ Велес Бајкинг заедно со неколку здруженија и велосипедски организации, присуствуваа на настанот организиран како 100-годишнина од пробивање на тунелот кај Демир Капија од Германската војска, односно по наредба на Царот Wilhelm II.
Жешкото време не беше проблем да се поминат 176 км. Всушност на почетокот беше и малку ладно, со примеси на квалитетна магла која не придружуваше со до Неготино ( до 45 км). По Неготино, се до Демир Капија, возевме заедно со Тиквешките Точакџии и Двајца велосипедисти од Неготино. Таму културно не пречека екипата од Демир Капија, која иако не беше организатор на овој настан, срдечно и љубезно им помагаа на на останатите кои дојдоа. По пристигнувањето и на Скопската екипа, се упативме кон тунелот кој во 1916 год. по наредба на тогашниот Wilhelm II, бил пробиен ( додуша постоечкиот тунел не е оригиналниот пробиен). По протоколарните најави и објаснувања, тргаме кон Миравци со возење паралелено со реката Вардар, но од десната поинтересна страна. Се до Миравци патот е со мали камења, класичен off road, и малку тежок за возење. По пристигнувањето во Миравци, се упатуваме кон локалитетот Бел Рај, интересно карпесто место кое природатда го преуредила во неколку базени за ладење на месното население во летните периоди. Практично, голем дел од турата целта беше ова место. Оние кои решија со возење да се враќаат назад ( ние секако, не само до Демир Капија туку и до Велес), решивме да возиме на сопствен ризик и тоа по автопатот Демир Капија-Смоквица кој сеуште е во изградба. Повторно заедно со екипата од „Тиквешки Точакџии“ ги поминавме овие 22 км со што практично направивме мал увид на квалитетот на асфалтот на патот. е само на асфалтот, и на тунелот каде влеговме без никакви посебни осветлувања ( среќа што тргнавме со ноќна опрема т.е. возевме дел и ноќно).
По квалитетното и интересното возење по делот кој најверојатно никој до сега нема возено, се спуштивме со останатите и пристигнавме во Демир Капија. По пауза од час и половина пропратена со муабет и дружење со „неформалните домаќини“ од Демир Капија, некаде во 19:00 тргнуваме за Велес, потребни ни се некаде три-тр и половина часови за стасаме до Велес. Значи повторно ноќна …. Сепак, до ова не дојде, некаде кај Градско го прекинавме возењето, поради тоа што дел од екипата на Велес Бајкинг сакаше да ни помогне и хумано не пречека со кола и не префрли до Велес.
И овој викенд поминавме во истражување на преубавите предели на нашата убава Македонија. Следен настан е на 09-10 јули „ајде да возиме на Пелистер“ во организација на Битолските велосипедисти. Па, се гледаме таму……