Изминатиов викенд помина во знакот на мистериозниот регион на АЛШАР..За перфектната организација се погрижија Тиквешките точакџии, а за патеката, калта и прекрасните убавини се погрижи нејзиното величество – природата.

IMG_20160611_181524
мини капот на Велес Бајкинг

IMG_20160612_170858

Уште на стартот знаевме дека ќе биде добро. Не добро, предобро…Јакото сонце не ни попречи да си поставиме шаторите на „централно место“, знамињата се ставени, Велес Бајкинг спремен…саботата нема возење, само дружење. А дружењето – никогаш доста. Со добри пријатели нема лоша забава. Вечерта стандардно, бенд , два супер DJ-и, многу народ, ама реално и многу четирицикли на кои местото не им беше тука.Но, незабележителна е оваа забелешка, и тие дадоа свој придонес кон целата позитивна слика.

IMG_20160611_223404 IMG_20160612_053249

Вториот, главниот ден, уште рано рано будење. 5:00 станување, средување.. за час шаторите собрани, опремата средена во колите, точаците спремни.Не толку поради тоа што сме уредни и  работливи, туку поради тоа што едвај го чекаме стартот. Едвај го чекаме она што уште на прваја објава од Тиквешани се „напалија“ илјада велосипедисти, планинари и добронамерни пријатели на овакви outdoor настани. А стартот за почна во 10:00. Многу дронови, камери, снимања..многу спонзори, многу подароци. Така треба Кавадарчани, така се  сака секоја промоција на својот крај.БРАВО!!!..

IMG_20160612_095031
со DJ Славе

IMG_20160612_094110

IMG_20160612_123359
последен одмор кон Трибор на 1477 мнв
IMG_20160612_115128
влез во с. Арничко
IMG_20160612_135702
поглед кон Прилепско Мариово и с. Витолиште

Големата тура во должина од 53,6 км првото населено место го имаше во с.Рожден. Убаво, пријатно место на 900 мнв. Селото, класично Македонско, преубаво, но за жал со доста на пуштени куќарки. На сред село како што личи, голема селска чешма. Наполнивме вода, се одморивме од јакото сонце и појаката асфалтна угорнина и тргнавме. До крајната висинска точка Трибор на 1477 мнв имаме добри 20км чиста угорнина.Но, не е проблем кога целта е  Алшар,целта е недопреното….По патот прекрасна шума,широк пат и….кал.Да, кал ама за бајкерите тоа е  тоа вистинското. Се направивме мршници, ама од оние убавите… На Трибор пауза за сликање, малку храна и поглед и сликање кон Прилепско Мариово и центарот  Витолиште ( Па таму бевме пред неколку дена, поздрав до сите Мариовољубци). А по Трибор, спуст….23 км . Лесно е ќе каже некој. Е да, на збор е лесно, ама во реалноста таму се најголемите проблеми на бајкерите, таму се  најголемите паѓања и повреди.

IMG_20160612_111325
црква во с.Рожден
IMG_20160612_110028
с. Рожден
13450044_10209629837927807_28342532385188540_n
малку кал ( превземена слика од Б.Н.)
13445765_1044400405645534_4275329209636393162_n
кон Трибор ( превземена слика од учесник во Алшар2016)
IMG_20160612_123459
Шумски јаготки

IMG_20160612_111708       IMG_20160612_110033     IMG_20160612_110154       IMG_20160612_140022

На Алшар  ги имаше една или две и тоа е знак дека учесниците примерно ги слушале повиците на организаторите да внимаваат на спустот. По час спуштање, конечно АЛШАР…Конечно ја видовме онаа мистерија која никој и не ја знае со точни информации. Искрено,мало разочарување, зарем едно окно ја преставува таа мистерија, зар само толку?  За среќа, имаше лице кое на кратко ни раскажа дел од таа мистерија (мораше да не напушти иако имавме милион прашања). Кратката приказната оди вака:

Името АЛШАР доаѓа од Турско време кога двајца Турци го користеле овој рудник, барајќи злато.АЛШАРИ и АЛТЕНИ биле браќата. Ја копале рудата, ја товарале на мазги и магариња, го кршеле каменот на мали парчиња, го носеле во Кавадарци и од таму се до Стамбол. ОД тој приод до пред 20-на години други информации-нема!!! Од пред 16 години (ова е  темната страна на приказната) „некој“ местото има го дал на Американците да го копаат. Страшно големи тимови од САД, Франција, Бугарија и неколку други земји копале. Направиле дупки длабоки и преку 300 метри, потоа испитувањата ги правеле во „мобилната лабораторија“ направена веднаш над рудникот(сеуште постои бараката која била лабораторија). Ископот го складирале во многоу мали парчиња кои потоа преку лабораторијата ги носеле во САД на испитување. Резултатите од тоа испитување- до ден денес никој не го знае. За време на испитувањето , според кажувањето, имало страшно големо обезбедување, од сателитски снимања на секое живо суштество кое се движи, од воени авиони, од воена полиција, од се што може УС армијата да направи за овакво нешто. Важно ние сме им дале СЕ под кирија, нас ионака не ни требало!!!!! Толку за рудникот, ионака имавме раскажување од 10 минути,а за ова треба да се  чита со денови,месеци…

IMG_20160612_152930
поглед кон окното на рудникот Алшар

IMG_20160612_152935    IMG_20160612_153039

Пред крајот имавме неколкукратен малер- дупната гума , па повторно, па повторно итд,итд….По 6 часа уживање, стигнавме во кампот.Таму, многу народ, многу расположени фаци,многу позитивна енергија. Екстра журка, водител, многу награди една ептен голема која отиде во Ресен ( Честитки Ресенчани) која за волја на вистината добитникот е планинар.

Кампот го напуштивме во 18:30.Задоволни.Задоволни од љубезните домаќини, задоволни од поминатата патека без никакви потешки проблеми,задоволни од дружењето со старите пријатели, задоволство од запознавање на нови и нови бајкери. АлШар2016 заврши и остави длабока трага на Велосипедските настани во Македонија.Нивотое подигнато ептен високо и сега е ред на сите нас кои оргазнизираме овакви настани да си ги подигнеме нашите оргазнизаторски нивоа.Прв од тие е “TOUR D’ ГАЛИЧИЦА“… Е па дечки, спремајте се, Македонија следниот викенд има прилика за уште една голема забава под отворено небо, едно добро офф роад  возење…Се гледаме на Галичица!!!!

П.С.Сигурно пропуштивме многу, едноставно не се прибележува се. На крај остана врежано во нашите мемории дека  И НИЕ БЕВМЕ ДЕЛ ОД АЛШАР2016!!!

13450987_10154245233526726_2488729959760749493_n