Во рамките на проектот „запознавање на дечињата со спорт“ кој се спроведува во Детската Градинка во Велес ЗГ Велес Бајкинг на нивна покана имаше големо задоволство да ги запознае дечињата од градинката од клон 4 со велосипедизмот, посебно со планинскиот велосипедизам. Да се зборува пред деца е бескрајно тешка задача, но во исто време и големо задоволство.

       

Дечињата соголемо внимание ги слушаа излагањето, а потоа сите заедно возевме со точаците. Некои од нив за прв пат се качија на велосипед, па се надеваме дека овој момент ке остане во нивно трајно сеќавање.

        

Проектот со запознавање на децата со велосипедизмот се спроведува трета година по ред и три години со задоволство се дружиме со дечињата.