Второ издание на овој outdoor фестивал, за прв пат екипата на Велес Бајкинг  возеше по преубавите предели од овој дел на Македонија.

Три дена програма, почнувајќи од изложби, планинарски тури, Алпинизам и спортско качување, Јога активности,Цртање графити , возење скирол и ролери… и многу повеќе…. почит за целата организација.

       

Планински велосипедизам – два дена програма. Првиод ден мала тура со прошетка до Д.Капија с.Бесвица Попова Кула 27 км…Попладнето, камперите полека се собираат, простор во паркот на Демир Капија колку сакаш. Вечерта забава за гостите, со неколку бендови, и одлична атмосфера.

   

Вториот ден, оној главниот за нас велосипедистите,  тура на релација Д.Капија-Дрен Копришница-Водопад-Кинески колиби 50 км (официјално од организаторите најавено беше должина од 50км, мерено од наша страна тоа е 43,3км со искачување од 1087м и највисока точка на искачување од 850мнв). Турата иако нестандардна  – не кружна, на делови во еден правец и враќање, сепак крајно атрактивна, со доста искачувања, и на делови екстремно тешка за возење. Сепак, скоро и да не  видовме некој од велосипедистите да се вратат, напротив, ние од овој вид на луѓе сме многу инаетчии – уживаме во исцрпувањето, се радуваме на секој искачен метар угорнина (дефитивно ова е лек за нашето мометално секојдневие).

       

Релацијата на патеката започнува од самиот град Демир Капија, поминува низ с. Дрен и потоа започнува со off road патека со стандардна угорнина некаде 9-14 км. Првата пауза е  манастирот св. Ѓорѓи во Копрешница. На неколку км се и водопадите, а крајна дестинација се  т.н. „кинески колиби“. За потеклото на ова име не добив одговор, но дознав дека овие колиби се правени во едно друго наше време од тогашниот другар Лазар Колишевски и неговите блиски соработници кои доаѓале овде со хелихоптер!!! ( сигурно имале свој приватен  😉  ) …Како и  да е , кинеските колиби, скриени од цивилизацијата се прекрасно место за уживање и поленење на „батериите“ на секој кој барем малку ужива во природата…Како крајна точка, од каде сте се спуштиле, треба да се вратите ( а спуштањето беше од 850мнв како највисока точка се до 580 мнв кај кинеските колиби). На растојание од 3-3,5 км треба да се  искачат околу 300м.. како текст звучи незначајно, но оди вози да те  видам..   🙂   …. Но, кај нас бајкерите тој страв е  само на првите 20-на метри.. после се  ни е РАМНО!!!…

    

На враќањето, поминавме неколку прекрасни предели, полни со дабова шума, класични off road патеки… на крајот, во село Дрен – ПИВО!!! .. Наградата на секој изминат километар кај маратонците е  медалјата добиена на целта, кај нас рекреативните велосипедисти најголемата награда е ладно пиво!!..ко пробал-знае!!

Иако имаше најави за големо невреме, сепак  цел ден имавме извонредни услови за возење, така беше и на крајот. Целта, како и стартот во кампот зоната во паркот, по што следи прибирање на опремата, точаците и  – правец дома. Треба да се  одморите  луѓе… следниот викенд ВЕ чека уште еден голем настан, уште една голема off road приказна наречен АЗОТ 2017 мтб предизвик…следниот викенд Богомила ве очекува на собир на нашето големо Македонско бајкерско семејство…одморете овие денови, од петок, повторно пакувајте се!!!

СЕ ГЛЕДАМЕ ВО БОГОМИЛА!!!!

#АЗОТ2017мтбпредизвик