ЗГ „Велес Бајкинг“ – Велес е здружение на граѓани-вљубеници во велосипедизмот кое е основано во ноември 2014, иако како група постои неформално многу порано од тоа. Во текот на овие три и пол  годишни активности организираше повеќе организирани настани,а секако еден од најголемите  настани во Македонија е  и АЗОТ мтб предизвик, кој оваа 2017 година по трет пат ќе биде возен по регионот на богомила и пошироко. Покрај АЗОТ мтб предизвик, ЗГ Велес Бајкинг во своето CV  го додава и Велосипедскиот настан „Питијада 2014-2016“ , кој оваа година по четврти пат ке биде организиран во склоп на фестивалот на пити и вино.

Покрај овие две , ЗГ Велес од 2016  година постави и две комерцијални патеки кои пред се, ќе бидат  за привлекување на домашни и странски туристи во регионот. Тоа се Вело-Винската тура која ги опфаќа најголемите винарии во Тиквешкиот регион, проект кој беше изработен на покана на Локалната Акциона Група Вардар ЛЕАДЕР, и Вардарската Вело-Винска тура која ги поврзува Велешките винарии си велосипедска патека.

ЗГ “Велес Бајкинг“-Велес преставува група на љубители на велосипедизмот кои се отворени за секаква помош, како и за разни спортски активности , а секако и за дружења. Со ова го покануваме сите граѓани на Р.Македонија да ни се приклучат, а воедно и да го омасовиме велосипедизмот како начин на здрав живот, пред се!!
Излезете и возете велосипед, со тоа си помагате себеси, му помагате на вашето тело, а најважно од се оставате позади себе чиста еколошка свест!!!!