3-ти Јуни, светски ден за промоција на употребата на велосипедот


Препознавајќи ја уникатноста, долгата традиција (над 200 години) и практичноста на велосипедот, на 17-ти април годинава, генералното собрание на Организацијата на обединетите нации прогласи ден за промоција на употребата на велосипедот – 3-ти Јуни.

Покрај низата здравствени бенефити, редовното користење на велосипедот како транспортно средство има и силни позитивни импликации на животната средина, но и позитивна социјална димензија – помалку издувни гасови, поефитин, а неретко и побрз транспорт!

окму затоа и ние низ нашите статии често пати поттикнуваме луѓето да возат велосипед, како умерена, рекреативна физичка активност, што може многу лесно да се искористи и како практично, евтино, но и безбедно транспортно средство.

Светската здравствена организација препорачува минимум 150 минути умерена физичка активност во текот на неделата. Возејќи велосипед, лесно можеме да ја постигнеме и надминеме ваквата граница.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
,