21 октомври 1976 година е датумот кога се случила Repack Race првата трка од овој, сега веќе атрактивен спорт – настан што официјално го прогласи за раѓање на планинскиот велосипедизам – според пишувањата на Marin Museum of Bicycling(ММБ).
Колку и да звучи неверојатно, планинскиот велосипедизам од тогаш на се до денешен ден трае повеќе од пет децении, откако десетина хипици во Калифорнија почнале да возат стари велосипеди од 1930-тите.
„Ние бевме група глупави хипици кои го свртеа целиот свет на велосипеди“, е изјавата на „хипи капиталистот“ – Gary Fisher,
Што всушност беше Repack?
Repack беше серија на трки од 70-тите години, основана од Fred Wolf и Charlie Kelly, хронометар по планински земјен пат во должина од 2,1 милји.
Десет возачи се појавиле на трката во Marin County, California, со велосипеди што ги нарекле klunkerz. Имале несигурни сопирачки на подлогата (морало да се препакуваат со маснотии после секое возење, па оттука и името). Сето ова било модифицирано со турпии и чекани во гаражите на возачите.
Првата трка ја освоил Alan Bonds, бидејќи кој бил единствениот возач кој не излетал.
После тоа, трката станала магнет за сите од целата област на планината Tamalpais. Толку желни биле да ги споредат вештините за ракување на велосипедите што првите девет трки на Repack се одржувале во просек по една неделно.
Серијата Repack не траела многу долго, се одржале вкупно 24 Repack Races и престана во 1979 година, но ги обедини луѓето кои ќе го развијат овој спорт: конструктори на рамови и велосипедски тркачи.

Инаку, првиот планински велосипед е креиран од Joe Breezer. Тој го конструирал Breezer 1 од1977 до 1978
После ова, се е историја…
Пишува: Велес Бајкинг
извор: t.ly/AXt2