150 учесници на IV-та рекреативна велосипедска тура „ со велосипед по Македонските Степи“

150 учесници на IV-та рекреативна велосипедска тура „ со велосипед по Македонските Степи“

Центарот на велосипедските збиднувања во Македонија изминатиов викенд беа во Велес. Во организација на „Велес Бајкинг“ од Велес, се одржа 4-тата по ред рекреативна тура со велосипед по Македонските Степи“ која кај велосипедистите е позната како „Турата кај Атиџе“.

Преку 150 велосипедисти беа учесници на овогодинешната тура. Прекрасното време беше дополнителен декор на целиот настан. Стартот на турата беше од Велес, плоштад Сармаале, а патеката водеше преку Велешкото маало „Потокот“ каде бевме проследени со аплаузи од тамошните жители, па преку житнитеблокиви стасавме до с.Караслари, с.Кочилари се до с.Ногаевци каде учесниците имаа пауза.

По паузата во Ногаевци следеше 60 минутно возење низ житни блокови каде најголема инспирација имаа добрите сликари па таму несомнено се направија и најубавите фотографии. Од таму патеката води кон напуштеното село Убого, покрај реката Брегалница, па се до главната цел на турата – село Бекирлија каде не пречека Атиџе, главната хероина од нашиот оскаровец „Медена Земја“.

Паузата во Бекирлија велосипедистите ја искористија за запознавање и сликање со Атиџе, а неколкумиа од нив си купија и од далекупознатиот мед на Атиџе ( кој оваа година го имаше во помала количина). Секако, по сите завршени формалности околу сликањето организаторите направија и мал музички концерт и заедно со Атиџе запееја неколку убаави Македонски песни. На крај направивме една заедничка фоторафија за спомен.

По Бекирлија за почна вториот,малку потежок дел за учесниците каде мораше да се поминие стрмен и карпест дел. Кој со возење, кој со туркање, поминавме покрај селото Кишино, а за 30на минути по интересе н спуст до Каратманово. Пауза за полнење вода и правец за Отовица каде е планирано завршната забава на сред село – пред коперација…

Тука во Отовица завршува приказната за целодневното патешествие по Македонските степи, завршува велосипедската авантура со прекрасниот прием од страна на Атиџе, личност која и покрај нејзниот огромен успех со номинацијата за Оскар, остана истата Атиџе која ја знаевме и запознавме многу порано од нејзиниот филм. Остана една анегдота за нејзините приказни во холивуд како седеле заедно со Бред Пит, но тие приказни ќе ги слушнете наредна година кога ќе бидете дел од цела оваа велосипедска авантура.

За крај да не биде дека сме себични, ќе кажеме и тоа дека покрај велосипедисти, една екипа од планинари – инаку наши членови на Велес Бајкинг беа дел од цела оваа приказна. Тргнувајќи од поинакви средини, и тие како-така стасаа до Бекирлија и беа дел од заедничката забава таму. А како се вратија – тоа секако ќе остане тајна која ја знаат само тие и Тоше- шоферот на фамозниот џип од 1939 година кој ни беше теренска поддршка низ целата патека. Кој се возел во џипот – само тој знае каква е авантурата.

Затоа уште сега планирајте си го терминот за последниот викенд од март месец 2023 година, кога е планирана Петтата Степска тура, и повторно ќе и одиме на Атиџе на гости. До тогаш сите вие правете планови за нашата следна голема организација – #Азот2022МтбПредизвик.

Се гледаме во Богомила на 28-29 мај!!!

#BikeHoneyLand2022 #BikingVeles #Бекирлија