Планинскиот Филмски Фестивал „Ехо“ кој изминативе два месеци се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови во Македонија продолжува и во Велес. На 05 април ( вторник ) со почеток во 18:00 часот фестивалот ке има промоција во Народниот Театар ЈХК Џинот. На програмата се очекува да се најдат двата Македонски документарни филмови „Слобода на две тркала“ на Слободан Трајковски и Игор Д. Јовановски во должина од 18 минути и „Првата Македонска Трансверзала“ од Горан Вучиќ/Кирил Шентевски во траење од 38 минути. Од странска продукција организаторот сеуште ги нема објавени филмовите кои би се прикажувале пред Велешката јавност.
Инаку Фестивалот ја имаше својата промоција на 02 ноември минатата година во Скопје во кината Милениум и Фросина.Пред преполните кино сали во текот на 4 дена беа прикажани преку 15 филмови, документарци од жанрот на Алпинизмот, планинарењето и Планинскиот велосипедизам.Со оглед на големата заинтересираност во досегашните гостувања низ градовите во Македонија, очекуваме и во Велес салата на театарот да биде преполна.
Линк до официјалната програма од минатогодишниот фестивал:
http://www.ehofilmfest.mk/mk/programa
Линк од трејлерот од Македонскиот документарц Прва Македонска Трансферзала: