Швајцарски експерти за планински велосипедизам предводени од светскиот шампион Ралф Неф, во посета на Крушево

Тим од Швајцарски експерти на компанијата GFC Sports Management AG предводени од светскиот шампион во планински велосипедизам Ралф Неф (Ralph Näef), неделава во Крушево започнаа анализа на потенцијалот и план за градење на велосипедски патеки.

Иницијативата за изготвување на  велосипедски патеки по меѓународни стандарди за планински велосипедизам е на Ски центарот Панорама предводена од Кочо Стојчески, сопственикот на Панорама Хотел и Спа и Ски Центар Панорама со цел дополнување на постоечката туристичката понуда и промоција на активниот туризам во Крушево. Проектот се реализира со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Ралф Неф (Ralph Näef) е задоволен од условите кои ги нуди оваа туристичка локација и изјави дека регионот има потенцијал за овој вид на туризам.

Овде гледам голем потенцијал за развој на планински велосипедизам. Имате многу убава природа, нашиот тим имаше непроспиени ноќи заради неограничните можности кои што ги увиде деновиве во Крушево. Многу е добро да се види и големиот ентузијиазам што го има локалната велосипедска заедница и мислам дека овој проект ќе креира работни места, ќе придонесе за туристичките потенцијали и едвај чекам да видиме што ќе направиме за неколку години тука – истакна гостинот од Швајцарија.

На оваа меѓународен настан беше и н.е. Сибил Зутер, амбасадорот на Швајцарија во Македонија. Швајцарската амбасада во Македонија години наназад континуирано поддржува развој на алтернативни спортови и развој на овој вид на туризам

На овој настан учествуваа и преставници од велосипедската федерација на Македонија, како и неколку членови од велосипедските клубови и здруженија кои ја преставуваат велосипедската заедница во Македонија

Проектот се реализира со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Check Also

Македонската планинско-велосипедска експедиција се искачи на врвот на Африка

Највисокиот врв во Африка, 5.895 метри високиот врв Ухуру беше искачен од двете експедиции, секој …