По 8-ми пат се одржа 8-ма Рекреативна велосипедска тура „Велес mtb tour 2021“ која изминатите седум години беше препознатлива под името велосипедска тура „Питијада“. Велосипедистите возеа покрај топилница но и на дрвен висечки мост на реката Вардар.
Изминатиов викенд во Велес,поточно во винарија Шато Сопот, Согласно Протоколите за организација на настани на отворено преку 150 учесници од сите градови во Македонија беа учесници на 8-мата по ред рекреативна велосипедска тура „Велес mtb tour 2021“. Најголемиот дел на учесниците дојдоа организирано преку нивните велосипедски здруженија во Македонија или индивидуално во сопствена организација.

Како гости на настанот беше членови на Словачката Амбасада заедно со амбасадорот н.е. Хенрик Маркуш кој е голем љубител на велосипедизмот а воедно е и почесен член на Велес Бајкинг.

Рекреативна велосипедска тура „Велес mtb tour 2021“ оваа година во својата програма ја понуди патеката со должина од 30.56 km и елевација од 600 m, а се возеше на релација Винарија Шато Сопот – с.Сопот- манастир Св. Петка- с. Белештевица – с.Раштани – Топилница – с.Башино – Винарија Шато Сопот. Учесниците се запознаа со сите културно-историско објекти во Велешко како и неколку населени места ни кои поминува оваа патека.
Една од неколкуте интересни атракции на патеката беше поминувањето покрај некогашниот гигант Топилница која сега веќе е симбол на едно време во Велес, а секако најголемата радост и авантура велосипедистите ја имаа при поминувањето со точак на „дрвениот висечки мост“ на реката Вардар.


Патеката беше во категорија средно-лесна категорија а самиот настан има акцент на промоција на винарија Шато Сопот, промоција и дегустација на Велешка Пита Пастрмајлија ( која никако не оди без чаша квалитетно вино)

По реакција на сите учесници, предвидената патека и целокупната организација беше беспрекорна од самиот почеток па се до крајот на настанот.

Рекреативната велосипедска тура беше во организација на здружението на граѓани,љубители на планински велосипедизам ВЕЛЕС БАЈКИНГ од Велес, а оваа година настанот се организираше заедно со винарија Шато Сопот кој се покажа како перфектен домаќин и ги доби највисоки оценки како за организација така и за квалитетното вино кое им го понуди на сите учесници.