Втора година како живееме во услови на КОВИД-19 пандемија, втора година како голем број на фестивали, вело настани се откажуваат или се одржуваат во драстично намалени услови.
Овогодишниот настан „ПРОМАЈА – Демир Капија outdoor festival“ го обележавме чисто симболично со собирање на старата добра екипа. Ја извртевме добропознатата „винска тура“ во должина од 20-на км, со релативно лесни елевации.
И покрај тоа што настанот беше само како „симболичен“, честитки до организаторите за максималното вложување и љубезноста и позитивната енергија која ја имаше.
Се гледаме во 2022 година со нормални услови и голема, професионална организација