Прилепски велосипедисти на вело турнеја низ Грција


4-член тим од велосипедското здружение „Маркови точакџии“ изминативе пет дена поминаа етапа долга 701,8 км на релација Прилеп- Егина

Илија Димитриоски, Влатко Крстески, Игор Стојкоски и Влатко Топчиски, сите од Прилеп, членови на вело здружение „Маркови точакџии“ изминаа преку 700 км за да ја реализираат својата идеја – со точак да ја посетат Егина, Р.Грција.

Нивната вело турнеја траеше вкупно пет денови.

Честитки за овој несекојдневен поход на Македонските велосипедисти.

,