Највисокиот врв во Африка, 5.895 метри високиот врв Ухуру беше искачен од двете експедиции, секој на свој начин .

6-члената експедиција од кој тројца велосипедисти, искрени пријатели на Велес Бајкинг, Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Илья Деревьёв по 5 дена искачување конечно ја остварија својата цел – искачување на Ухуру, 5.895мнв. Тие се првите Македонци кои го оствариле овој успех и со велосипед се искачиле на оваа надморска височина.

На ден 17.02.2021год во 05:50ч по локално време, сите шест учесници на оваа експедиција пристигна на покривот на Африка, со тоа што велосипедистите испишаа нова историја за македонискиот велосипедизам

Секако, голем успех за Македонското планинарство преставува и искачувањето на втората експедиција составена од алпинистите Ирина Дишовска, Кирил Начков и Филип Христов.