Македонецот Игор Талевски ја извози Trans Am Bike трката од 6920км

Македонецот Игор Талевски ја заврши само-поддржаната трка со велосипед низ САД, ТрансАм по „Транс Америка рута” (Trans Am Bike Race 2021) со растојание од 6920 км (4300 милји)  од западното до источното крајбрежје.

Рангиран е  на 6-то место од вкупно 42-ца учесници.

Trans Am Bike Race 2021 е тура која се вози со велосипед низ САД, со растојание од 6920 км (4300 милји)  од западно до источно крајбрежје, односно низ 10 држави. Концептот на трката е така што целото возење мора да е самостојно, без поддршка од тим и трката е една етапа од почеток до крај – без застанување на часовникот.

Ова не е прва долга тура за Игор, сигурни сме не е ниту последна.

Игор е член на Шри Чинмој Маратон Тим – Скопје

Check Also

Започна Светскиот куп во XCO cross-country World Cup – Nove Mesto , Czech Republic

По неколкумесечно чекање, Светскиот куп за мажи 2020 година започна со првиот краток курс во …