
Настанот ќе се одржи на ден 24.10.2021 година а домаќин на настанот е познатата Велешка винарија Chateau SOPOT која е препознатива со својот изглед и квалитетно вино.
8-мата по ред рекреативна тура „Велес 2021 мтб tour“ која се одржува во Велес а е во организација на здружението на љубители на планинскиот велосипедизам Велес Бајкинг, оваа година на задоволство на сите велосипедисти и љубители на овие настани, ќе се одржи во познатата Велешка винарија CHATEAU SOPOT – ВЕЛЕС. Винаријата која е препознатлива по својот изглед, квалитетното вино и гостопримливите вработени на 24.10.2021 ќе има можност да прими преку 300 велосипедисти од цела Македонија.
Организаторите најавуваат интересна програма која содржи две тури – мала и голема кои се прилагодливи на сите категории на велосипедисти, но сепак главен акцент е ставен на завршниот дел каде по возењето ќе има голема забава со познатиот Македонски DJ CRAZY SLAVE или како велосипедистите го знаат како Славе Ќелешоски, брат по точак.
Покрај добрата музика од DJ Славе, предвидено е и дегустација на познатата пита пастрмајлија со чаша квалитетно и убаво вино од подрумот на винаријата CHATEAU SOPOT .
Сите заинтересирани за овој настан може да добијат податоци на евентот на социјалните мрежи