Е.М.Т. прослави 10 години од своето постоење

Е.М.Т. прослави 10 години од своето постоење

Една од најстарите Македонски велосипедски здруженија, неформалната велосипедска група Е.М.Т (EXPLORE MACEDONIA TOUR) на 17-ти март прослави 10 години од своето постоење.

Во нивната Facebook група стои дека групата ја имала првата организирана тура на 17-ти март 2012 година и во изминатите 10 години низ групата поминале преку 3.000 членови, организирани се преку 350 тури и изминати се преку 28.000км заедничко групно возење

Честитки за нивното 10 годишно постоење, им посакуваме успех нивната мисија за промоција на рекреативниот велосипедизам да биде поуспешна и поефикасна во иднина!

,