Во организација на ЗГ Велес Бајкин – Велес на 01.11.2015 год се возеше off road тура „ПИТИЈАДА 2015“ – повторена.За разлика од пред еден месец,овој пат времето беше на наша страна.
Стартот на турата беше во дворот на гимназијата „Кочо Рацин“ во 10:45 часот.Патеката ја возевме во скратена верзија ( не се возеше делот околу езерото Младост) во период од 3-3,5 часа.Го посетивме манастирот Св.Петка крај селото Сопот, го посетивме исто така и селото Сопот, поминавме на атрактивниот „висечки мост“ на реката Вардар, и покрај гроздовите плантажи на винаријата „Шато Сопот“ се спуштивме по извонредната downhill патека покрај реката Вардар, се до с. Башино.
Одличното време беше причина на овој настан да ни дојдат неколку групи на велосипедисти од Скопје, со што вкуп ниот број на учесници беше преку 40.Некои од нив за прв пат ја возеа оваа патека и со себе носат позитивни мислења.Овој предел на Велешката околија е неоткриен и за најголемиот дел на жителите на Велес.
Со ова ЗГ Велес Бајкинг ја затвора оваа, за нас и повеќе од успешна 2015 година како организатори на велосипедски настан.Следната 2016 год се надеваме на уште поголема масовност и поголема успешност на двете вело тури „АЗОТ 2016 МТБ предизвик“ и „Питијада 2016“.