Битолскиот Супермен на точак во 2016 година си поставил неверојатна цел- 100 искачувања на точак до Пелистер (2601мнв). Истата цел ја реализира на ден 31.10.2021 година
Николче во акција!
Николче во Македонската велосипедска заедница, а и многу пошироко е познат по своите секојдневни искачувања на Пелистер. Оние кои макар еднаш биле на точак на врвот, знаат дека ова е многу тешка велосипедска тура.

Инаку, Николче покрај Пелистер, има искачено уште неколку Македонски врвови на точак. Еден од нив секако е и Кајмачкалан 2521мнв. Со неговите искачувања, тој на битолските и македонските граѓани им покажува дека ако се има желба, целта секогаш може да биде реализирана.

Честитки за Николче, му посакуваме многу здравје, долг живот и уште многу пати да освојува врвови во Македонија