АЗОТ 2021 МТБ ПРЕДИЗВИК , 7-ма сезона

Седмо издание на најголемиот outdoor настан во регионот на АЗОТ и пошироко на територија на Македонија, 7-та година во организација здружението за планински велосипедизам ВЕЛЕС БАЈКИНГ и нивните пријатели и поддржувачи.

Богомила и регионот АЗОТ ве очекува со сета своја природна убавина. Единствена прилика да го вдишете духот на Богомилите, да се сликате на Римскиот мост во Богомила, да возите низ преубавите села Папрадиште, Нежилово, Црешнево.. да пиете чај на трева пред планинарскиот дом во Чеплес, да вкусите каша од домашен вргањ во Бистрица, неколку водопади долж патеката, поглед од милион долари кон Солунска глава… Планинарење, планинско трчање, документарни филмови, едукација и програма за млади и деца и многу други изненадувања, оваа 2021 година ве очекуваме заедно да ги извозиме прекрасните патеки под падините на Солунска Глава….
Сместување во компактен камп за шатори, WC, free WI-FI, паркинг за 200 возила, смештај во дом во центарот на Богомила со 50-на легла со извонредни услуги, жители со пријатна насмевка и многу други поволности кои ги нуди Богомила и регионот.
Рок концертот на отворено ќе има ако нема заразни коронални опасности. А ако има?? Тоа треба само да се доживее и да се биде на лице место.

ЗА СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА #Азот2021мтбПредизвик

Check Also

Поставени две нови инфо табли со мапи за планински велосипедизам во регионот на АЗОТ

Изминатиот викенд во регионот на АЗОТ беа поставени две нови инфо табли со модерни мапи …