Завршна манифестација за успешно спроведен проект

Проектниот тим на Велес Бајкинг ги заврши активностите за спроведување на проектот „ Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ .

       

Како и секоја активност, така и оваа, главни актери на манифестацијата беа децата вклучени во овој проект. 30-на деца од ООУ „Даме Груев“ – Градско, ООУ „Васил Главинов“ – Велес и ООУ Кирил и Методиј – Велес, како и преставници од партнерите на проектот – Општина Велес, Општина Градско и центарот за Вардарски плански регион. Децата комплетно беа носители на  манифестацијата – од модератор до завршни говори и имресии за спроведените активности.

       

Во овој проект беа вклучени преку 100-на деца од трите споменати училишта, беа ангажирани тројца експерти – педагог, психолог, и професор по физичко образование, неколку надворешни соработници со адекватни професии и секако членови на ЗГ Велес Бајкинг како подршка на активносите за возење велосипед. Партнерството со Единиците на Локална Самоуправа – Општина Велес и Општина Градско, Центарот за Вардарски плански регион беа фактор кој даде голем придонес за успешна реализација на овој проект.

Проектот официјално е предвидено да заврши во март 2019 година а траеше 12 месеци.

       

Проектот „ Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници  на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.

           

1798total visits,2visits today

You may also like...