за прв пат во Велес „Училиште за велосипеди на отворено“

Општина Велес во соработка со Здружението на љубители на велосипедизмот “Велес бајкинг” од Велес и ЗГ ” Еко Логик” од Скопје, денес во Младинскиот парк организираа едукативно – интерактивна работилница за младите од Велес, со цел совладување на вештините на управување со велосипед.

       

Работилницата насловена „Училиште за велосипеди на отворено” е дел од активностите кои во рамки на проектот R2M – „Ready to Move” („Подготвени за движење”) се организираат во текот на оваа седмица, а со тоа Општина Велес од 16 до 22 септември ја одбележува Европската недела на мобилност.

Вело Родео настанот беше од отворен карактер и право на учество имаа сите ученици од основните училишта од 4-то до 9-то одделение кои имаа желба да возат велосипед, да ги покажат своите вештини, како и да се забавуваат и едуцираат преку следните игри:
• Вело полигон (баланс, безбедност, сигнализација, контрола, тргнување, забрзување и запирање.
• Еко Не лути се човече (во реална големина),
• Вело Меморија,
• Еко квиз и многу други.

На овој начин, учениците ја пренесоа пораката за придобивките од возење велосипед.

Покрај ученици од градот- домаќин, допатуваа и од ОУ„ Јохан Хајнрих Песталоци“, Скопје; ООУ„Петар Поп Арсов“, Богомила и неговото подрачно училиште во село Извор.

Младинскиот парк беше исполнет со дружба, забава, едукација, смеа и многууу возење велосипед.
Присутните имаа можност да се пријават на акциите на локалните групи за чистење, на штандот „За чисто како дома исто“ – кампања за поддршка на еко-активизмот на Делегацијата на Европската Унија.

       

294total visits,1visits today

You may also like...