За Нас

ЗГ “Велес Бајкинг“- Велес е здружение на љубители на велосипедизмот кој е формирано во 2014 година , иако идејата за оваков вид на дејствување постои многу порано, уште пред неколку години.
Согласно статутот на здружението, ЗГ “Велес Бајкинг“ – Велес во 2018 година влегува веќе како искусен тим кој организира велосипедски настани со највисоки оцени во Р. Македонија. Во досегашното постоење на нашето здружение покрај тригодишната организација на АЗОТ мтб Предизвик запишани се и велосипедската тура „Питијада“ 2014-2017 каде до сега учество земаа преку 1000 учесници.
Исто така во работата се запишани и маркација на три велосипедски патеки во вкупна должина од 150км, Едукација на деца од претшколска возраст на тема „планински велосипедизам“, учество на саем за Активен туризам и многу други активности.
Како особено важно треба да напоменеме дека На патеката за АЗОТ мтб предизвик вкупно се поставени 35 столбови, 4 големи табли со мапи по терк на најсовремените светски стандарди за маркација на планинарски и велосипедски патеки.

300total visits,2visits today