Втора работна средба за стратешко планирање на Велес Бајкинг

Велес Бајкинг под менторство на Центарот за економски анализи на ден 17.10.2019 ја одржаа втората работна средба за стратешко планирање на Велес Бајкинг во Велес.
Втората работна средба за стратешко планирање имаше за цел да ги идентификува јаките и слабите страни и можностите и предизвиците на Велес Бајкинг преку користење на методот бура на идеи или brainstorming.

Велес Бајкинг има релативно многу јаки страни но малку од нив ги истакнуваме во јавноста односно не се доволно видливи. Постојат голем број на можности кои ни стојат на располагање но можеме да кажеме дека голем број на членовите немаат доволно време да се посветат во организацијата и тоа го издвојуваме како клучна слаба страна, се изјасна Никола Ангелов.

Оваа работна средба за стратешко планирање на Велес Бајкинг е од големо значење и клучен инпот за дефинирање на стратешкиот документ кој дава насока за стратешките определби на организацијата за промовирање на здравиот животен стил и велосипедизмот со цел подобрување и промоција на туризмот во земјата.

Оваа активност е дел од проектот Зајакнати капацитети на локалните грасрут лидери за брз развој на туризмот кој го спроведуваат Велес Бајкинг во партнерство со ЦЕА.
Овој проект е поддржан од „Програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.“

   

323total visits,1visits today

You may also like...