АванТУРИ на Точак: Во потрага по непознати патеки- Свети Николе и околината по off road

Околината на Свети Николе ни поклони одлични места за планински велосипедизам

При договорот каде да возиме имаше три опции: Првата и втората беа слични – да се вози до Црн Врв од неколку правци, додека третата опција беше онака натурена и … веднаш прифатена. Свети Николе бил порано на агендата на возење но од с.Иванковци и назад, што секако е премалку да се долови комплетно овој крај. Целта беше да се тргне од градот Св.Николе, да се стаса до Метеоролошката станица Ѓуриште на 891мнв, и назад со минимално возење по асфалт.

       

И да, гледано од крајот на турата, целта е постигната. Дури и до самиот град стигнавме по off road патека.

По утринското кафе во центарот на Свети Николе, тргнавме некаде кај 09:30 часот.  За кратко влеговме во убава борова шума од каде произлегоа најголемиот дел на фотографиите. Едноставно, преубаво и за возење и за фотографирање.

Час возење стигнуваме до првото село, с.Црнилиште. Полниме вода и назад кон север, кон с.Кнежје. Патот е позитивно изненадувачки добар, очигледно дека селата помеѓу себе се поврзани и на овој начин и тоа многу подобро, пред се овие патишта се користат од механизации за обработка на земјоделска површина и се добро сочувани.

        

По Кнежје, стигнуваме до с.Горобинци и од таму преку земјени патишта до с.Трстеник ( иако тамошните жители тврдеа дека нема друг пат освен асфалтниот, сепак Garmin водичот не згреши). Трстеник само на поминување, а пауза правиме во манастирот „Св.Преображение Пресвета Богородица“ или кратко манастир Ѓуриште како што е општо познат по околните жители. Преубава глетка на надворешниот и внатрешниот дел на манастирот, преубави свежо нацртани фрески од големи мајстори на овој занает. Секој кој има барем малку прилика, без двоумење треба да  го посети ова место.

По 4 часовно возење стигнуваме до метеоролошката станица Ѓуриште, пауза од 30-на минути ( неизбежно искачување на куполата од каде се гледа цел регион од Велешко, Св.Николско, Штип, Осоговски планини на исток, Солунска глава на запад…). По ова следи најинтересниот дел – спуштање од 891мнв до 200мнв и тоа по урнебесни земјени патеки се до конечната цел – Св.Николе.

Крајниот план за ручек во ресторан „Мечкуевска куќа-Пуже“ сепак, не го остваривме поради тоа што ресторанот беше преполн, па моравме да се задоволиме со некој од останатите локални кафеани..

          

Велес Бајкинг- Велес……

 

https://www.instagram.com/biketouringmacedonia2019/

413total visits,12visits today

You may also like...