Во Белгија сите кои одат на работа со велосипед добиваат додаток на плата

Од рубриката некаде во светот, издвојуваме!!!

Во Белгија работниците кои одат на работа со велосипед добиваат „додаток“ на плата, а дополнително Државата им го одбива пресметаниот данок…

Нешто повеќе од 400.000 жители на Белгија добиваат „велосипедски додаток“ поради фактот што одат на работа со велосипед. Од донесувањето на овој закон со сега се исплатени преку 1.000.000 евра.

Оваа финансиска помош работниците ја примаат како додаток со платата, а државата на фабриките им одбива од данокот. По истиот тој принцип, секој корисник може и да приложи сметки за сервис или фактура за купување на нов велосипед и повторно за тоа ќе им биде одбиен данокот.

Од оваа мерка, не само што повеќе работници одат на работа со велосипед, туку и општо е зголемен процентот на севкпно возење на велосипед. Така, пред пет години просечно едно лице возел 944км, додека сега тој просек изнесува 1045км

По просечна пресметка, ако работникот живее на 15км далеку од фабриката, може да добие “додаток“ на плата од вкупно 1286 евра на годишно ниво.

Тоа е од рубриката „ некаде во светот“.. кај нас во меѓувреме, се градат нови патишта без никакви планови за велосипедски патеки…

1114total visits,1visits today

You may also like...