VII-ма традиционална Бадникова тура до с.Рудник

7-ма година по ред, нашето здружение ја организира оваа пост-новогодишна тура која преставува отворање на сезоната 2020 за организирање на велосипедски тури, било тоа да се мали и локални тури, или пак големи организирани велосипедски настани и outdoor фестивали.

Оваа година од оправдани причини во помал број. Иако јануарско, сонцето ни правеше друштво скоро цел ден и имавме ретко убаво време за овој период на годината. 60-минутното дружење пред црквата св.Илија во с.Рудник го искористивме да го поделиме и Бадниковото лепче. Старо – нов кум за 2021 година ќе ни биде Бране Петровски кој има причина за радосни моменти, како изминатата 2019, така и оваа 2020 година.

До следната 2021 година и 8-мата Бадникова тура, Ви посакуваме успешна година на велосипед, со многу убави тури. Годинава да ни биде успешна, со многу изминати км, многу велосипедски тури, настани, дружења, забави, да не служи здравјето, да не чува Дедо Боже.. и помалку дупнати гуми, бегање од кучиња, змии, смокови… диви свињи, мечки и други падари по патиштана…

Поздрав од дружината на #ВелесБајкинг

            

631total visits,4visits today

You may also like...