Велигденска прошетка до напуштеното Степанци

Предпразнична тура до с. Степанци, село кое веќе нема ниту еден жител, впрочем како и многу други села од овој регион.

        

Турата поделена во два дела: асфалтна до болницата за белодробни заболувања Јасеново преку село Извор во должина од 30 км ( 60 во двата правци) и потоа 11км ( 22 во двата правци) по широк off road пат, кој некогаш требаше да биде регионален пат кој ги поврзува Велес и Прилеп. Покрај патот не придружува реката Изворчица, кој пресушува во летниот период. Околината изобилува со стада овци, а важи за еден од нај-еколошки региони во Македонија, поради извонредно чистиот воздух ( најблиската фабрика е Порцеланка на 32 км радиус, која ионака не работи веќе 15-на години). Впрочем податок дека болницата Јасеново е тука, а која е изграденена од Германците за време на IIсветска војна доволно кажува.

На овој регионален пат за Прилеп, некаде на 37-от км, се  ислкучуваме кон десно и продолжуваме по земјен пат, прооден за возило, но со доста оштетувања. И тука, неколку стада овци и нивните  верни чувари.

       

Иако краток, патот до напуштеното село бара многу физички напор, на делови искачувањето е  и преку 35%. Но, кога ке пристигнете, вреди. Посебно глетката во дворот на манастирот св.Ѓорѓија кој според податоците кои ги најдовме таму е изграден 1908 година. Покрај манастирот има и плоча од извесен свештеник Арсенија кој го водел овој манастир се  до 1986 година.

    

Местото има и спомени од Партизанското време, во борбата против Бугарските и Германските окупатори. Спомен плочата кажува дека во 1941 година имало организиран партизански одред

Природата овде дала премногу, но за жал се помалку луѓе доаѓаат . Се надеваме во блиска иднина дека некој-некако, не знаеме како… ќе најде начин местово повторно да заживее. Дотогаш ние ќе го посетуваме, барем еднаш годишно….

1787total visits,2visits today

You may also like...