Убавините на регионот Мокрени,Ораов Дол и Габровник

Овој предел, за жал е малку посетуван иако крие прекрасна убавина, кристално чист воздух, и неопишан мир и хармонија.

            

Турата од Велес како почетна точка е во должина од 90-на км. Навидум долга, посебно во првиот дел кога одите накај Мокрени, но сето тоа се заборава во моментот кога ке ги паркирате велосипедите пред манастирот св.Спас, се до моментот кога ке седнете на дрвените масички, ке се напиете од ладната природна вода. Се исчезнува… се….

Патот до Мокрени е асфалт, додека кон Габровник и Ораов Дол е земјен т.е. off road. Нашата дестинација овој пат беше Мокрени, односно посочениот манастир. Патот од Велес поминува низ неколку Велешки населени места како што се  Стари Град, познатиот мост над реката Бабуна, викенд населбата Оморани. На 28км поминуваме  и покрај рибниот ресторан Оморани каде имавме и две паузи, на одење и на враќање. на релација на 32км пред мостот  десно се врти кон Теово и Богомила, а право кон овој предел  Мокрени-Ораов Дол-Габровник. За жал, некултурата и негрижата се во поголемиот дел од нас. Иако уредно наместена, дрвената табла која ги има показателите за сите правци кои се потребни за овој регион, ја најдовме скршена и фрлена кон реката. Некако најдовме начин да ја вратиме во првобитна положба, ама чисто сме во недоверба до кога ке стои така.

        

Продолжуваме кон Мокрени, тука запира секаква гужва, бука , звуци од автомобили….Звукот на природата е единствен звук. Стада овци- преполно, тоа е знак дека регионот има чистина. Тука се и чуварите на овие стада-кучињата кои не беа баш гостопримливи и на моменти имаве „блиска средба“ која сепак заврши мирољубиво, секој на својата патека. Стигнуваме во Мокрени, селската чешма, малку одмор и , продолжуваме кон манастирот св. Спас на оддалеченост од селото на 2-2,5 км. Кратка ама, тешка дестинација. Угорнините  и кривините се  исцрпувачки. Но, крајот го краси делото. Се се заборава кога ке го здогледате објектот. Во оваа дивина Владиката Повардарски има и свои одаи, некогаш имало иницијатива и за заживување на манастирот. Ќе почекаме да видиме до каде ќе биде оваа иницијатива. Паузата е неминовна, погледот кон антените над Крива Круша и Иванов врв се величествени.

                   

Иницијативата беше да организираме пред Првомајска мини-скара. Дел од тоа како поминавме, може да се  види на сликите. За останатиот дел ќе морате следниот пат да дојдете со нас.

       

2032total visits,1visits today

You may also like...